
Растот на платите во еврозоната нагло забави во првиот квартал од 2025 година, поддржувајќи ги очекувањата на пазарот дека Европската централна банка (ЕЦБ) повторно ќе ги намали каматните стапки наскоро, можеби веќе на следниот состанок за монетарната политика на 5 јуни.
Според податоците на ЕЦБ објавени денес, платите се зголемиле за само 2,4 проценти на годишно ниво, што е значителен пад во споредба со 4,1 проценти во последниот квартал од 2024 година и далеку под минатогодишниот врв од раст од 5,4 проценти.
Забавувањето на растот на платите дополнително го зајакнува верувањето дека инфлацијата во Еврозоната ќе продолжи да се намалува кон целта од два проценти, објавува „Блумберг“.











