
Сезонски прилагодената стапка на невработеност во Грција се намали во април од 8,9 проценти во март на 8,3 проценти и сега е најниска од ноември 2008 година, објави Грчкиот завод за статистика (ЕЛСТАТ).
Како што е наведено, во април во Грција се регистрирани 391.263 невработени лица, што е за 24,7 проценти помалку во споредба со април 2024 година и за 6,4 проценти помалку во споредба со март 2025 година.
Bо април во Грција се регистрирани 4.313.817 вработени, што е за 0,6 проценти повеќе во споредба со истиот месец минатата година и за 0,7 проценти повеќе од март.
Покрај тоа, бројот на лица под 75 години кои не учествуваат на пазарот на трудот во Грција, односно луѓе кои ниту работат ниту бараат работа, изнесува 3.050.528, што е за 2,6 проценти повеќе отколку во април 2024 година и во исто време за 0,1 процент помалку отколку во март.
Годишната стапка на инфлација во Грција се намали во април од 2,4 проценти во март на 2 проценти и сега е најниска во последните 19 месеци, објави претходно ЕЛСТАТ.














