
Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, одлучи повторно да го одложи спроведувањето на законот со кој ќе се забрани апликацијата TikTok во Соединетите Американски Држави.
Трето одложување на забраната за TikTok – САД и натаму без конечна одлука
Според најавите од Белата куќа, Трамп оваа недела ќе потпише нова извршна наредба со која ќе го продолжи рокот за спроведување на законот за уште 90 дена, објавува CBS News, што е трето одложување од инаугурацијата на Трамп во јануари.
Портпаролката на Белата куќа, Каролин Ливит, вчера изјави дека Трамп не сака TikTok да биде блокиран во САД и го користи продолженото време за да ги финализира преговорите со ByteDance, матичната компанија на TikTok, за да се обезбеди безбедноста на податоците на американските корисници.
Фото: Pixabay