Во Русија почна продажбата на YotaPhone, паметен телефон со двоен екран, зад кој стои руската компанија Yota Device. Првиот руски паметен телефон на пазарот се продава по цена од 499 евра, а во првиот квартал од следната година ќе биде достапен на околу 20 пазари во Европа и Блискиот Исток.
Телефонот има два екрани, едниот во боја, другиот црно – бел. Главниот екран е 4,3 инчен, со резолуција од 720 пиксели, двојадрен Qualcomm Snapdragon S4 процесор од 1,7 GHz, со 2 GB RAM, 1800 mAh батерија и 13 мегапикселна камера. Работи на Андроид.