Сите нови корисници на пакетите на операторите Blizoo кои ќе потпишат договор до 31-ти декември 2013 го добиваат пакетот Делукс по намалена цена.
Телекомуникацискиот оператор Blizoo вчера го лансираше новиот пакет со три услуги Старт Делукс, во кој се вклучени бројни поволности за новите корисници.
Промотивниот пакет ги содржи сите 130 дигитални канали во кои бесплатно се содржат каналите со висока резолуција, спортските и филмските канали (HD пакетот, Супер, Супер плус и Тринг макс); интернет со брзина од 10 Mpbs со неограничен трансфер; и фиксна телефонија со вклучени 50 минути кон сите фиксни мрежи и неограничени бесплатни разговори во мрежата на Blizoo.
Пакетот е со цена од 999 денари месечно и е дополнет со бесплатен КА модул, уред за дигитална телевизија и бесплатен модем за интернет и телефонија.
“Пред официјалниот крај на оваа исклучително успешна година за Близу решивме да го збогатиме своето портфолио со уште една одлична комбинација на услуги, за неверојатно достапна цена и со одлични придобивки за оние кои ќе станат нови членови на нашето корисничко семејство”, изјави Искра Секуловска, маркетинг директор во Blizоo.
Од операторот најавија зголемени активности во претстојниот предновогодишен период, кои истовремено ги опфаќаат како новите, така и постоечките корисници.