Богов: Економијата мора да ја задржи стабилноста

37

economyТреба да направиме се македонската економија да ја задржи стабилноста, добрите перформанси во иднина, доколку сакаме да остане како цврст столб на сите останати политики во Македонија, со што би се гарантирала и пошироко стабилноста на земјата.

Ова беше посочено од страна на Гувернерот на Народната банка на Република Македонија Димитар Богов пред предавањето на тема Монетарната политика по глобалната криза и користењето на неконвенционалните мерки: Светот и РМ, во Американ колеџ.

Гувернерот потенцираше дека она на што треба да се внимава е да не се наруши рамнотежата во македонската економија, бидејќи во наредната година се очекува закрепнување на растот на приватниот сектор.

“Ако досега тој беше поттикнуван од странските директни инвестиции и јавните инвестиции, сега од приватниот сектор, со тоа ќе се зголемува и домашната побарувачка и во такви услови треба да се внимава да не се наруши рамнотежата во македонската економија”, истакна Богов.

Во врска со оценката на Светска банка рече дека можеби најдобро стоиме во регионот, но дека треба да бидеме внимателни и да се извлече поука од примерот на земјите во регионот кои западнаа во одредени тешкотии.

За задолжувањето на државата посочи дека темпото кај сите земји беше забрзано, а кај западните тоа беше многу побрзо, и неопходно до оној период додека беше потребно и се поттикнуваше економијата.

Но, според Богов, тој период веќе одминува со закрепнување на приватниот сектор и мора да дојде до намалување на фискалниот стимул.

Во однос на девизните резерви истакна дека се на адекватно ниво, дека се стабилни и можат да ги издржат сите потенцијални шокови. Регистрираното намалување, потенцира, е резултат главно на ценовните промени кај златото и дека во последните три-четири месеци има откуп на девизи.