
Ферари Енцо, неколку Ламборџини, Порше, Бентли, Нисан Скајлајнс, па дури и Хонда НСХ: ова се само неколку од илјадниците луксузни супер автомобили што сè уште собираат прашина на аеродромите, гаражите и магацините низ Обединетите Арапски Емирати. Галф њуз пишува дека бројот на напуштени возила е намален, но дека сè уште има. Повеќето автомобили завршуваат запленети откако се паркирани долго време.
Странските имигранти се една од главните причини зошто се случува ова. Тие патуваат во градови како Дубаи и Абу Даби во потрага по брзи пари, но се соочуваат со тешкотии поради деловни неуспеси. Во многу случаи, тоа се сопственици кои не ги исполниле условите за финансирање на нивните супер автомобили или бизнисмени кои банкротираат.













