
Кинескиот регулатор за интернет, Администрацијата за сајбер простор на Кина (CAC), им забрани на најголемите технолошки компании во земјата да купуваат чипови за вештачка интелигенција од Nvidia.
Според извори на Financial Times (FT), CAC им наредил на компании како ByteDance и Alibaba да ги суспендираат тестирањето и нарачките на чипот RTX Pro 6000D, кој Nvidia го разви специјално за кинескиот пазар, а изворите додаваат дека одлуката претставува обид на Пекинг да ја зголеми домашната конкурентност и да ја намали зависноста од САД.
Акциите на Nvidia вчера паднаа за 2,7 проценти.











