Редици за iPhone 17 во Пекинг

Стотици луѓе се редеа пред продавница на Apple во Пекинг на денот на лансирањето на новиот модел на мобилен телефон iPhone 17, што сигнализира добар почеток на продажбата на новата серија во втората најголема економија во светот.

Околу 300 клиенти пристигнаа во продавницата во Санлитун наутро за да ги земат телефоните нарачани преку интернет. Постои голем интерес за моделот Pro Max, чија цена во Кина започнува од 9.999 јуани (1.406 долари), а аналитичарите проценуваат дека токму овој модел ќе биде најпродаван од серијата 17, објавува Ројтерс.

Apple вели дека основниот iPhone 17 доаѓа со посветол и поиздржлив екран и подобрена предна камера, што ќе ги подобри хоризонталните селфиња.

Аналитичарите очекуваат дека серијата 17 би можела да го зголеми пазарниот удел на Apple и испораките во Кина до крајот на годината, иако се под притисок од слабата побарувачка на потрошувачите и конкуренцијата од кинеските производители Xiaomi и Huawei. Apple не го објавува бројот на нарачки однапред, но според податоците од консултантската фирма Counterpoint Research, испораките во првите два месеци од третиот квартал се намалија за шест проценти.Фото: Printscreen Youtube