Шеќерот поевтини за 28% од почетокот на годината

Цената на шеќерот падна за 28% оваа година и моментално е на четиригодишно најниско ниво од 14,2 центи за фунта.

Овој силен пад е резултат на пазарните очекувања дека во тековната сезона ќе преовлада глобален суфицит од околу 2 милиони тони, поттикнат од многу добрите жетви во Бразил, Индија и Тајланд.

Само во Индија оваа сезона, се очекува производството на шеќер да порасне за 16%, на 34,35 милиони тони. Глобалното производство треба да ја надмине потрошувачката за околу 2,8 милиони тони, што е пресврт од минатогодишниот дефицит. Експанзијата на индустријата за етанол во Бразил би можела да го ублажи дел од притисокот врз цените, бидејќи мелниците во тој случај користат поголем дел од шеќерна трска за производство на етанол наместо шеќер. И покрај ова, се очекува дека цената на шеќерот би можела дополнително да падне до крајот на годината, кон нивото од околу 14 центи за фунта.