
Hа валутните пазари, вредноста на доларот во однос на кошничката валути малку падна.
Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американскиот долар во однос на другите шест најважни светски валути, утрово е околу 99,60 поени, додека вчера во ова време беше 99,64 поени.
Во исто време, курсот на доларот во однос на јапонската валута се зголеми од вчерашните 153,95 на 154,15 јени, блиску до највисокото ниво за девет месеци.
Сепак, американската валута стагнира во споредба со европската, па цената на еврото се движи околу 1,1565 долари, исто како и вчера во ова време.
Цените на нафтата, од друга страна, паднаа. На лондонскиот пазар, цената на барелот се лизна утрово за 0,52 проценти, на 63,75 долари, додека на американскиот пазар, цената на барелот се намали за 0,55 проценти, на 59,80 долари.











