
Унгарските железници (MAV) планираат директно да го поврзат Белград со Виена следната година, покрај со Будимпешта.
Според најавите, долгоочекуваната железничка линија помеѓу Белград и Будимпешта би можела да започне напролет 2026 година, а две дневни поаѓања од Белград би требало да го продолжат патувањето сè до австриската престолнина.
Датумите сè уште не се конечни, но патувањето помеѓу главните градови на Србија и Австрија, како што е најавено, треба да трае малку повеќе од шест часа, додека патувањето со автобус трае околу девет часа.











