
Американската компанија за финансиски услуги „Карлајл“ истражува опции за купување на средствата на рускиот нафтен гигант „Лукоил“ во странство, објави „Ројтерс“, повикувајќи се на извори запознаени со ситуацијата.
Според изворите, „Карлајл“ е во раните фази на истражување на купувањето на средствата на руската фирма.
Фирмата за приватен капитал размислува прво да аплицира за лиценца од САД што би ѝ овозможила да ги купи средствата, рече еден од изворите, додавајќи дека сè уште постои можност за повлекување.
Друг извор изјави дека Карлајл го информирал Лукоил за своите намери.
Со децении, Лукоил беше најактивната руска нафтена компанија низ целиот свет и ѝ помагаше на Москва да проектира мека економска моќ во странство, забележува Ројтерс.
САД воведоа санкции против Лукоил како дел од притисокот врз Москва да се согласи на мировни преговори за Украина.
Недолго потоа, Вашингтон го блокираше обидот на Лукоил да ги продаде средствата на швајцарскиот Гунвoр пред крајниот рок на 21 ноември за спроведување на санкциите.
Лукоил неодамна изјави дека бара купувачи за своите меѓународни средства, кои се проценуваат на вредност од околу 22 милијарди долари, според извештаите во 2024 година.











