Лукоил преговара со неколку купувачи за продажба на своите меѓународни средства

Руската нафтена компанија Лукоил  објави дека преговара со неколку купувачи за продажба на своите меѓународни средства.

Компанијата нагласува дека презема мерки за да обезбеди непречено работење на компанијата за време на процесот на продажба и пренос на имот, да спречи прекини во снабдувањето со енергија и да зачува работни места, објавува „Ведомости“.

Пред една недела, групацијата Гунвор ја повлече својата понуда за купување на меѓународните средства на Лукоил,  откако Министерството за финансии на Соединетите Американски Држави ја нарече оваа група „кукла на Кремљ“.