X претстави конкурент на WhatsApp и Viber

X претстави долгонајавувана платформа за разговор која практично ги менува постоечките DM пораки и ги претвора во комплетна услуга за пораки слична на оние што ги нудат WhatsApp, Telegram или Signal.

Новиот систем нуди видео и аудио повици, испраќање датотеки, уредување и бришење на веќе испратени пораки, како и безбедносни функции како што се енкрипција од крај до крај и известувања кога некој ќе направи слика од екранот.

Новата функција, едноставно наречена Chat, веќе се воведува кај корисниците на iOS и веб, а наскоро ќе биде достапна и верзија за Android. Компанијата, исто така, најави пристигнување на опција за гласовна белешка за размена на кратки аудио пораки, објавува Engadget.

X зборуваше за новиот чет пред неколку месеци. Првичната верзија на шифрирани пораки беше лансирана претходно оваа година, но во мај функцијата беше привремено „паузирана“ поради технички проблеми.