Бразил се плаши дека ќе го изгуби пазарот на инстант кафе од САД поради царините на Трамп

Бразил ризикува да го изгуби својот удел на пазарот на инстант кафе во Соединетите Американски Држави, откако тој производ не беше меѓу производите од Бразил за кои американскиот претседател Доналд Трамп ги намали царините за 50 проценти, објави  Бразилското здружение на производители на инстант кафе (ABICS).

„Инстант кафето не беше вклучено во исклучоците наведени во анексите на извршните наредби. Ова е спротивно на целокупниот напредок во билатералните преговори и претставува континуиран предизвик за секторот“, се вели во соопштението на ABICS, пренесува Ројтерс.

Се додава дека преостанатите царини за извоз на бразилско инстант кафе во САД значат дека овој производ ризикува трајно да биде заменет на американскиот пазар со слични производи од други земји.