
Во ноември, руската нафта беше дури 23 проценти поевтина од барел на лондонскиот пазар, објави руската централна банка, што укажува дека разликата во цените е значително поголема отколку во летните месеци поради санкциите врз водечките извозници.
Во вториот и третиот квартал, цената на барел од марката Уралс беше за околу 15 проценти пониска од цената на барел од марката Брент, а во октомври за 17 проценти, според централната банка во извештајот за финансиска стабилност објавен во четврток.
Во ноември, разликата значително се продлабочи и Уралс сега е поевтин за 23 проценти, според пресметките објавени во извештајот на банката. Минатиот петок, барел Уралс чинеше 52,8 долари и беше дури 22,8 проценти поевтин отколку на почетокот на април, според банката.
На лондонскиот пазар, барел Брент изнесуваше 62,56 долари на крајот од тргувањето минатиот петок и беше 11,7 проценти поевтин отколку на почетокот на април.











