„Старбакс“ им плаќа на работниците во Њујорк 35 милиони долари

„Старбакс“ ќе плати повеќе од 38 милиони долари откако градот Њујорк ја обвини компанијата за повеќе од половина милион прекршувања на трудовото право почнувајќи од 2021 година. Тоа е најголемата спогодба во областа на заштитата на работниците во историјата на градот.

Според локалните медиуми, „Старбакс“ наводно им ги одбил редовните смени на баристите и неселективно им ги намалил работните часови.

Околу 35 милиони долари ќе им бидат исплатени на повеќе од 15.000 баристи од Њујорк. Њујорк ќе добие дополнителни 3,4 милиони долари преку граѓански казни.

„Старбакс“ тврди дека ги почитува локалните закони и дека исплатата не е поврзана со она што им се должи на работниците, туку исклучиво со почитувањето на прописите.

Повеќето работници ќе добиваат околу 50 долари за секоја недела што ја работеле од јули 2021 до јули 2024 година. Оние кои работеле на неодамна затворени локации во градот, исто така, ќе бидат платени.

Њујорк отвори истрага во 2022 година по десетици поплаки од баристи од стотици локации на „Старбакс“ во градот за непочитување на законите за труд.