Netflix го потресе Холивуд со својата објава: Ги купуваме Warner Bros. и HBO! Позната е и цената

„Нетфликс“ во петокот наутро објави дека постигнал договор со „Ворнер брос Дискавери“ за купување на легендарното филмско и ТВ студио, вклучувајќи ја и платформата “ХБО Мах“, за дури 72 милијарди долари, пишува Си- ен – ен.

„Нетфликс“ се согласи да ги купи филмските и стриминг бизниси на „Ворнер брос Дискавери“ за 72 милијарди долари. „Ворнер брос“ ги поседува франшизите „Хари Потер“, „Супермен“, „Бетмен“, „Игра на тронови“ и „Белиот лотус“ и стриминг услугата „Ејч-Би-О макс“.

Преземањето би можело да доведе до радикално преобликување на американската филмска и медиумска индустрија, но останува нејасно дали овој потег ќе биде одобрен од американските регулатори.

„Со комбинирањето на нашата и библиотеката со серии и филмови на ‘Ворнер брос‘ ќе можеме да ѝ дадеме на публиката повеќе од она што го сака и да помогнеме во дефинирањето на следниот век на раскажување приказни“, изјави коизвршниот директор на „Нетфликс“ Тед Сарандос.

Дејвид Заслав, претседателот и извршен директор на „Ворнер брос“, рече дека оваа зделка „ги спојува двете од најголемите компании за раскажување приказни во светот“.

„Нетфликс“ дал гаранции дека и натаму ќе му дозволува на филмското студио „Ворнер брос“ да прави широка кинодистрибуција.