
Групата од седум најразвиени земји (Г7) и Европската Унија преговараат за замена на ценовните ограничувања за извоз на руска нафта со целосна забрана за поморски услуги.
Ова за Ројтерс го изјавија шест извори запознаени со намерата на Г7 и ЕУ да ги намалат приходите од нафта што ѝ помагаат на Русија да ја финансира војната во Украина.
Русија извезува над една третина од својата нафта со танкери, главно во Индија и Кина, користејќи ги услугите за превоз на западни компании.











