
Потрошувачката на алкохол во Русија се намали во ноември оваа година и се приближи до најниското ниво на потрошувачка забележано во 1997-1998 година, објавија руските медиуми.
Русите почнаа постепено да ја намалуваат потрошувачката на алкохол во април оваа година, а потрошувачката во ноември изнесуваше 7,63 литри, пренесува РИА Новости.
Последен пат кога беа забележани толку ниски бројки беше во 1997-1998 година, кога потрошувачката по глава на жител изнесуваше 7,6 литри во период од две години.
Во ноември, просечниот жител на Москва консумирал 4,76 литри алкохол, додека во Санкт Петербург просекот бил 6,28 литри. Во изминатите 12 месеци, во регионот Новосибирск се консумирале 8,35 литри по лице, а во регионот Свердловск 10,34 литри.











