
Фармацевтскиот гигант „Реплек АД Скопје“ преку Македонската берза информираше за промена во сопственичката структура на компанијата, откако еден од поголемите акционери отуѓи дел од своите акции.
Според официјалното соопштение објавено како ценовно чувствителна информација, компанијата НАСТЕЛ ДООЕЛ, која е акционер со над 5% од капиталот, извршила продажба на 92 акции.
По реализираната трансакција, новиот биланс на акции на НАСТЕЛ ДООЕЛ во Реплек изнесува:
Вкупен број на акции: 15.378 акции;
Процент на сопственост: 5,93% од вкупниот број акции со право на глас.
Просечната цена по која се тргуваат акциите на Реплек изнесува 16.250,00 денари.













