
Генералниот директор и член на Управниот одбор на ГД „Гранит“ АД Скопје, Зоран Милковски, го зголеми својот акционерски удел во компанијата.
Според официјалното известување објавено согласно правилата за котација на Македонска берза, Милковски се стекнал со нови 1.524 обични акции од градежниот гигант.
Согласно член 34 од правилата за котација известуваме дека членот на Управниот одбор на ГД Гранит АД Скопје и Генерaлeн директор Зоран Милковски се стекна со 1.524 акции од издавачот на хартии од вредност друштвото ГД Гранит АД Скопје, стои во објавата.













