
Италијанската модна куќа Прада, која ги суспендираше малопродажните операции во Русија, ја регистрираше својата трговска марка за козметички производи и средства за чистење, објави денес руската агенција ТАСС.
Апликацијата за регистрација на трговската марка Прада С.А. беше поднесена до Руската федерална служба за интелектуална сопственост (Роспатент) во март 2025 година, но беше регистрирана дури во февруари оваа година.
Датумот на истекување на ексклузивното право е 17 март 2035 година.
Трговската марка е регистрирана во една класа од Меѓународната класификација на стоки и услуги (МКС), која вклучува препарати за белење и други супстанции за перење, чистење, полирање и абразиви, сапун, парфеми, есенцијални масла, козметика, лосиони за коса и средства за чистење заби, соопшти агенцијата.
Италијанската модна куќа Прада ги прекина малопродажните операции во Русија поради војната во Украина, објави Танјуг.













