
Компанијата „Настел ДООЕЛ“, која е еден од поголемите акционери во фармацевтската компанија „Реплек АД Скопје“, го намали својот сопственички удел, информираат од Македонската берза.
Согласно Глава 6 од Правилата за котација, „Реплек АД Скопје“ официјално објави дека акционерот со значителен удел, „Настел ДООЕЛ“, реализирал продажба на 64 обични акции.
По оваа трансакција, состојбата со акционерскиот удел на „Настел“ во „Реплек“ е следна:
Вкупен број на акции во посед: 15.054 акции.
Процент на сопственост: 5,81% од вкупниот број акции на друштвото.













