Македонска берза го стави „Макошпед“ на листата за набљудување

„Макошпед“ АД Скопје од вчера се наоѓа на „Листата за набљудување“ на Македонската берза. Одлуката е донесена согласно член 61-а од Правилата за котација.

Како што соопштија од Берзата, внесување на друштвото Макошпед АД Скопје на „Листата за набљудување“ е со цел за обрнување на внимание на инвеститорската јавност поради тоа што е во тек постапка за присоединување на друго друштво кон издавачот.