Кина воведува нултa царини за увоз од 53 африкански земји

Од 1 мај, Кина ќе воведе нултa царински давачки за увоз од 53 африкански земји со кои има дипломатски односи, објавија денес државните медиуми.

Пекинг истакнува дека паралелно ќе ги продолжи преговорите и потпишувањето на договорот за економско партнерство, а исто така планира дополнително да го прошири пристапот до кинескиот пазар за африканскиот извоз преку надградени механизми, вклучувајќи го и таканаречениот „зелен канал“, според државната телевизија, објави Ројтерс.

Оваа иницијатива е дел од пошироката стратегија на Кина за зајакнување на економските и трговските врски со африканските земји.