Крај на една ера: Се гаси единственото производство на телевизори во Хрватска

Групацијата М САН ги извести своите клиенти дека производството на телевизори VIVAX е суспендирано, што значи дека е суспендирано и единственото производство на телевизори во Хрватска во Ругвица, во близина на Загреб.

Производството се запира по 13 години, според неофицијални информации, поради состојбата на пазарот и влијанието на големите производители како што се Samsung, TCL,.., како и други кои влегоа во понискиот ценовен сегмент. Друга причина е одлуката на компанијата посилно да се фокусира на пазарот на домашни апарати и клима уреди.

Производството на телевизори на M SAN Group во Ругвица беше лансирано во 2013 година со отворањето на првата производствена линија за склопување на LED телевизори под сопствениот бренд VIVAX, која се наоѓа во логистичкиот центар на компанијата во близина на Загреб, пишува ITC Business.