Иран разјасни на кого точно му е забрането да поминува низ Ормутскиот теснец

Иранската револуционерна гарда во четврток објави дека Ормутскиот теснец, еден од најважните водни патишта во светот, во кој сообраќајот е речиси целосно суспендиран од почетокот на војната, е затворен исклучиво за бродови од САД, Израел, Европа и други западни сојузници, објавува CNN.

– Претходно рековме дека, врз основа на меѓународните закони и резолуции, во време на војна, Исламската Република Иран има право да го контролира преминот низ Ормускиот теснец – објави Корпусот на исламската револуционерна гарда (ИРГК), како што објави државната телевизија IRIB.

ИРГК предупреди дека доколку бродовите што им припаѓаат на САД, Израел, Европа „и нивните поддржувачи… бидат забележани, тие сигурно ќе бидат погодени“, пишува CNN.

Теснецот е практично затворен откако САД и Израел започнаа заедничка операција против Иран во саботата, што ги зголеми цените на нафтата и се закани да ја потресе глобалната економија.