
Данскиот бродски гигант „Маерск“ денес објави дека привремено ги суспендирал двете клучни бродски линии што го поврзуваат Блискиот Исток со Азија и Европа поради војната во Иран и прекините во глобалните синџири на снабдување.
Компанијата соопшти дека линијата FM1, која го поврзува Далечниот Исток со Блискиот Исток, како и линијата ME11, која го поврзува Блискиот Исток со Европа, се суспендирани со цел да се заштити безбедноста на екипажот и бродовите, објавува CNBC.
„Маерск“ исто така додаде дека нејзините локални бродски линии во регионот на Персискиот Залив се суспендирани до понатамошно известување.












