Катарскиот министер: Војната на Блискиот Исток може да предизвика светска економска криза

Војната на Блискиот Исток би можела да предизвика светска економска криза, да го парализира глобалното снабдување со енергија и да ја покачи цената на нафтата на 150 долари за барел, предупреди  катарскиот министер за енергетика Саад ал-Каби, оценувајќи дека сите земји од Персискиот Залив би можеле да го прекинат производството на нафта и гас.

Ал-Каби во интервју за „Фајненшл тајмс“ (FT) изјави дека производството на течен нафтен гас (LNG) во Катар е привремено прекинато поради иранските напади и дека дури и во случај на моментален прекин на конфликтот, ќе бидат потребни неколку недели или дури месеци за Катар да се врати во нормалниот циклус на снабдување.

Иако Катар извезува само мал дел од својот гас во Европа, министерот предупреди дека континентот ќе почувствува сериозен удар бидејќи азиските купувачи ќе ги надминат понудите на Европејците за достапен гас, додека другите земји од Заливот нема да можат да ги исполнат своите договорни обврски.