Бизнисот во Германија на колена: Над 24.000 компании прогласија банкрот во 2025 година

Бројот на банкроти на компании во Германија се зголеми за 10,3 проценти во 2025 година, откако судовите регистрираа вкупно 24.064 барања за покренување стечајна постапка, објави денес Германскиот завод за статистика (Дестатис).

На овој начин, продолжи зголемувањето на бројот на банкроти во Германија, кое веќе беше силно во претходните години, се додава во извештајот.

Во 2024 година, бројот на барања за стечајна постапка се зголеми за 22,4 проценти во споредба со претходната година, додека во 2023 година е забележан раст од 22,1 процент.