Годишната инфлација во Црна Гора падна на 2,6 проценти во февруари

Годишната инфлација во Црна Гора се намали во февруари од јануарските 2,9 проценти на 2,6 проценти, така што сега е на најниско ниво за речиси една година, од март 2025 година, објави  Црногорскиот завод за статистика (Монстат).

Растот на цените во категоријата домување и комунални услуги се забави на 4,1 процент од јануарските 4,9 проценти, како и во здравствената заштита, од 12,6 проценти на 8,8 проценти, додека во исто време продолжи трендот на опаѓање на цените во транспортот, за 1,2 проценти на годишно ниво.

Цените на храната и безалкохолните пијалоци забележаа стабилен раст од 2,9 проценти на годишно ниво, а алкохолните пијалоци и тутунот се зголемија за 4,9 проценти, по 5,7 проценти еден месец претходно.