Златото на рекордно ниво, Оскарот вреди само еден долар: Зошто најпрестижната награда е „евтина“ на берзата?

На 98-то доделување на наградите „Оскар“, на победниците традиционално им беа врачени златни статуетки. Оскар, висок околу 34 сантиметри и тежок околу 3,8 килограми, е направен од бронза и обложен со 24-каратно злато. Симболичната вредност на ова признание е непроценлива, но вистинската вредност е изненадувачки мала.

Како е можно престижната награда, обложена со најчистата форма на злато, официјално да вреди само еден долар на пазарот, ако моменталната вредност на златото на американските берзи е речиси 5.000 долари за унца?

Одговорот е во правилниците на Академијата. Добитникот на Оскар не смее да ја продаде статуетката, бидејќи правилата на Академијата го забрануваат тоа. Ако ја сака, прво мора да ја „продаде“ на Академијата за симболичен износ од еден долар (околу 50 дeнари). Истите правила важат за сите нови сопственици, ако наградата е наследена или донирана.

Оваа забрана беше воведена во 1950 година, откако победниците почнаа да ги продаваат своите награди.

Најскапата статуетка Оскар досега ја купил Мајкл Џексон во 1999 година за 1,54 милиони долари, според Гинисовата книга на рекорди. Станува збор за Оскарот за најдобар филм „Однесено со виорот“ од 1939 година.