Сем Алтман: Вештачката интелигенција би можела да стане комунална услуга, како струјата и водата

Директорот на OpenAI, Сем Алтман, изјави дека вештачката интелигенција (ВИ) би можела да стане алатка, како електричната енергија или водата, а корисниците би можеле да плаќаат за неа според тоа колку ја користат – не фиксно, туку според потрошувачката.

Алтман, на Самитот за инфраструктура на BlackRock во Вашингтон, рече дека надоместокот за користење на ВИ е дизајниран така што наместо да плаќаат претплата, граѓаните плаќаат онолку колку што користат компјутерски ресурси.

„Во основа, нашиот бизнис ќе изгледа како продажба на токени“, рече Алтман, како што објави Business Insider.