
Директорот на Националниот економски совет на САД, Кевин Хасет, изјави дека администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп сè уште има работа на инфлацијата, но дека очекува дека, кога Ормутскиот теснец ќе биде целосно отворен за пловидба, цените на енергијата брзо ќе паднат.
Хасет изјави за „Фокс бизнис“ дека очекува „брзо намалување на цените на енергијата“ откако ќе се отвори Ормутскиот теснец, кој го затвори Иран, објави Си-Ен-Ен.
„Бродовите моментално минуваат, но со околу десет проценти од нормалното темпо. Кога ќе се вратиме на нормалното темпо, тогаш очекуваме работите да се вратат во нормала“, рече Хасет.











