
Американскиот министер за енергетика Крис Рајт изјави дека цените на нафтата ќе останат високи и може да продолжат да растат сè додека не се воспостави сериозен превоз низ Ормутскиот теснец.
„Веројатно ќе видиме дека цените на нафтата ќе достигнат врв во следните неколку недели пред да почнат да паѓаат“, рече Рајт на економски форум во Вашингтон во понеделник, објави денес Би-Би-Си.
Сепак, како што истакна, штом конфликтот заврши и протокот на извори на енергија продолжи, притисокот ќе почне да се намалува, но ќе биде потребно извесно време.
„Колку подолго трае конфликтот, толку подолго ќе траат последиците“, предупреди Рајт.
Американскиот претседател Доналд Трамп во неделата изјави дека цените на нафтата и гасот би можеле да останат високи до ноемвриските среднорочни избори, што е ретко признание за потенцијалните политички последици од неговата одлука да го нападне Иран пред шест недели, според Ројтерс.











