Германските цени на големо во март пораснаа за 4,1 процент, со најбрзо темпо во последните три години

Германските големопродажни цени пораснаа за 4,1 процент на годишно ниво во март, што е најбрзо темпо за три години, објави денес Германскиот федерален завод за статистика (Дестатис).

Цените на големо во Германија бележат раст на годишно ниво веќе 16 месеци по ред, а тој значително се забрза во споредба со февруари, кога изнесуваше 1,2 проценти, се додава во соопштението.

Клучната причина е зголемувањето на цената на нафтените деривати, чии цени скокнаа за 17,8 проценти на годишно ниво.