
Канцеларијата за контрола на странски средства (OFAC) при Министерството за финансии на Соединетите Американски Држави денес ја продолжи лиценцата за нафтената компанија „Лукоил“ за работа надвор од Русија до 29 октомври.
Како што објавува Ројтерс, лиценцата се однесува на околу 2.000 пумпи на Лукоил низ Европа, Централна Азија, Блискиот Исток и Америка, објавува Ројтерс.
Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп воведе санкции врз двете најголеми руски компании Лукоил и Роснефт во октомври минатата година, што влијаеше на интересот на потенцијалните купувачи на меѓународните средства на Лукоил, проценети на 22 милијарди долари.
Претходната лиценца беше издадена на 31 март со рок на важење од 1 мај.
Лукоил поседува околу 200 брендирани бензински пумпи во Њу Џерси, Пенсилванија и Њујорк, и е еден од водечките продавачи на моторни горива во Молдавија и Бугарија и управува со околу 600 пумпи во Турција и повеќе од 300 во Романија.











