Хрватските плати во пораст: Просечната нето плата достигна 1.527 евра

Просечната месечна нето плата исплатена кај правните лица за февруари изнесувала 1.527 евра, што во споредба со јануари е номинално повисока за 1,1 процент, а реална за 0,8 проценти, додека во споредба со февруари минатата година е номинално повисока за 7,8 проценти, а реална за 3,9 проценти, објави во вторник Државниот завод за статистика  на Хрватска.

Медијалната нето плата за февруари изнесувала 1.282 евра, што значи дека половина од вработените имале помалку, а другата половина повеќе од тој износ.

Медијалната плата за февруари е помала за 1,7 проценти во споредба со јануари, а во споредба со февруари минатата година е повисока за 9,1 процент.

Највисока просечна месечна исплатена нето плата по вработен кај правните лица за февруари е исплатена во производството на основни фармацевтски производи и фармацевтски препарати, во износ од 4.281 евра, а најниска во производството на облека, во износ од 988 евра.