Мега-спојувањето на Vorner и Paramaunt вредно 81 милијарда долари е чекор поблиску до реализација

Мега-спојувањето на „Ворнер“ и „Парамаунт“ вредно 81 милијарда долари доби одобрение од акционерите, со што договорот што би можел значително да го преобликува Холивуд и пошироката американска медиумска сцена е еден чекор поблиску до реализација.

Поврзувањето на двете најпознати холивудски филмски студија би влијаело и на изгледот на американската забавна сцена.

Огромното мнозинство акционери на „Ворнер Брос“, според прелиминарните резултати од гласањето во четврток, беа „за“, објави АП, додавајќи дека „Ворнер“ изјавил дека очекува трансакцијата да биде завршена во текот на третиот фискален квартал.