
Руската енергетска компанија Газпром објави дека одредени земји од Европската Унија сè уште повлекуваат гас од своите подземни складишта и покрај тоа што грејната сезона е завршена.
„И покрај фактот дека е крај на април, некои европски земји продолжуваат да повлекуваат гас од подземните складишта“, се вели во соопштението на компанијата.
Како што е наведено, според податоците на организацијата „Гас Инфраструктура Европа“, на почетокот на третата декада од април, Полска, Белгија и Бугарија регистрирале нето повлекување на гас.
„Газпром“ предупредува дека ситуацијата е дополнително влошена од ниското ниво на исполнетост на магацините во Европа, што, велат тие, би можело да предизвика тешкотии при нивното повторно полнење пред следната зимска сезона.
Компанијата истакнува дека таков развој на настаните би можел да донесе дополнителна неизвесност на европскиот пазар на гас во наредниот период.













