
Комерцијална банка АД Скопје информира дека исплатата на пензиите за месец април ќе започне во четврток, на 30 април.
Пензионерите кои поседуваат дебитни картички ќе имаат пристап до своите средства веднаш, односно уште во четврток.
За оние кои претпочитаат подигнување на пензијата во готово, шалтерите на филијалите и експозитурите на банката ќе бидат достапни од 30 април, како и во текот на сите наредни работни денови.













