Apple и Intel постигнаа прелиминарен договор за производство на чипови за уредите на производителот на iPhone

Американскиот технолошки гигант Apple постигна прелиминарен договор со Intel, според кој компанијата ќе произведува дел од чиповите за уредите на производителот на iPhone, објави  Wall Street Journal.

Според весникот, двете компании се во интензивни преговори повеќе од една година, додека формалниот договор е постигнат во текот на изминатите месеци, објави Ројтерс.

По објавувањето на информациите, акциите на Apple пораснаа за околу два проценти, додека акциите на Intel скокнаа за приближно 14 проценти.