Нова стратегија на „Најк“: Извршниот директор става крај на модните трендови и го враќа брендот кон спортот

Извршниот директор на „Најк“, Елиот Хил, презентираше нова стратегија која треба да ја врати силата на еден од најпознатите спортски брендови во светот. Пораката е јасна: „Најк“ се враќа на своите корени – спорт, иновации и перформанси.

Новата стратегија го става спортот пред модата

За време на годишниот состанок на менаџментот на компанијата, Хил отворено призна дека „Најк“ во последните години премногу се свртел кон сегментот на модата и начинот на живот. Игнорирајќи го она што историски донело најголем раст: технолошките иновации и премиум спортските производи. Според него, историските податоци покажуваат дека „Најк“ е најуспешен кога е цврсто фокусиран на спортот, а не на трендовите.

Грешки од минатото и нова насока
Хил, кој ја презеде функцијата во 2024 година, се осврна и на деловните потези што ѝ штетат на профитабилноста. Прекумерната онлајн промоција и агресивното намалување на цените, рече тој, ги поткопаа резултатите од малопродажбата и ја еродираа перцепцијата за вредноста на брендот.
Во исто време, пазарот реагираше негативно. Акциите на „Најк“ паднаа за 30% од почетокот на годината, додека S&P 500 порасна за 11% во истиот период. Сепак, Хил вели дека компанијата не се води од краткорочни резултати, туку гради темели за стабилен раст во следните две децении.

Големи спортски партнерства како мотор на закрепнување
Како дел од новата стратегија, Најк повторно е силно поврзан со спортскиот свет. Компанијата објави долгорочен договор со НБА. Покрај тоа, спонзорство на 12 национални тимови кои ќе учествуваат на претстојното Светско првенство – меѓу нив САД, Франција и Бразил.
Со цел дополнително да го зајакне глобалниот моментум, Најк започна нова кампања со исклучително силни имиња: Кристијано Роналдо, Тревис Скот и Џејсон Судеикис. Целта е јасна – да се врати емоцијата, енергијата и спортскиот идентитет на брендот пред најголемите спортски настани во годината.

Фото: Pixabay