
Војната на Блискиот Исток значително го наруши глобалниот пазар на течен природен гас (LNG), така што сега е многу потешко да се склучат долгорочни договори со американски добавувачи, изјави директорот на грчката компанија Алтантик (Atlantic SEE LNG Trade), Александрос Егзарху.
Според него, затворањето на Ормутскиот теснец ја зголеми конкуренцијата меѓу европските и азиските купувачи за американски LNG, што доведе до зголемување на спот цените и го промени ставот на американските извозници кон долгорочните договори, пренесува Блумберг.
Како што наведе, ситуацијата е сосема поинаква од пред шест месеци, кога американските компании активно бараа повеќедецениски договори.














