Албанската дијаспора испрати рекордни 274 милиони евра за само три месеци

Парите што емигрантите им ги носат на своите семејства во Албанија продолжуваат да бележат тренд на раст, со оглед на тоа што бројот на Албанци кои живеат во странство се зголемува поради новиот бран на емиграција.

Податоците на Банката на Албанија за платниот биланс откриваат дека приходите од емигрантите во првиот квартал од годинава достигнале 274 милиони евра, што претставува зголемување од 9,1 отсто во споредба со истиот период минатата година.

Италија, Грција, Германија и Велика Британија остануваат главни канали за испраќање пари во земјата, поради големиот број емигранти кои живеат и работат во овие земји, објавија медиумите.

Албанските иселеници минатата година испратиле дома рекордни 1,12 милијарди евра што беше највисоко ниво.