Франција ги заострува контролите врз странските инвестиции во стратешките компании

Новиот праг ќе се применува на секторите утврдени од француската влада, вклучувајќи ја одбраната, клучната инфраструктура и стратешките технологии.

Француската влада ќе воведе построги контроли врз обидите на инвеститорите надвор од Европската Унија (ЕУ) да стекнат повеќе од 10 проценти од акциите во француските компании кои работат во чувствителни сектори и чии акции се котирани на берзи надвор од ЕУ, изјави денес францускиот премиер Себастијан Лекорни.

„Во контекст на зголемени геополитички тензии, го зајакнуваме надзорот врз странските инвестиции во чувствителните сектори. Нашата одговорност е двојна: да го поддржиме растот на француските компании, а воедно да ги заштитиме нашите стратешки интереси“, напиша Лекорни на социјалната мрежа X, според бриселското издание „Политико“.

Новиот праг ќе се применува на секторите утврдени од француската влада, вклучувајќи ја одбраната, клучната инфраструктура и стратешките технологии.