25-тата годишна конференција на Македонската берза – гостин извршниот директор на АЛКАЛОИД АД Скопје, Мукаетов

Од 21 до 23 септември 2026 година во „Метропол Лејк Ресорт“ од прва рака ќе може да се дознае за искуствата околу котирањето на берзата на АЛКАЛОИД АД Скопје - компанија со „сини чипови“.

Од 21 до 23 септември 2026 година во „Метропол Лејк Ресорт“ од прва рака ќе може да се дознае за искуствата околу котирањето на берзата на АЛКАЛОИД АД Скопје – компанија со „сини чипови“.

На неа може да се откријат клучните фактори зад долгорочниот успех на Алкалоид АД Скопје, една од најпрепознатливите компании со „сини чипови“ на македонскиот пазар на капитал, и да се стекне увид во нејзините идни перспективи.

Во дискусијата ќе учествуваат Живко Мукаетов, извршен директор и претседател на Управниот одбор на Алкалоид АД Скопје, заедно со Иван Штериев, извршен директор на Македонската берза.

„На 25-тата годишна конференција на Македонската берза може да стекнете вредни увиди за развојот, моменталната позиција и идните перспективи на една од најликвидните компании на пазарот, како и пошироките перспективи за македонскиот пазар на капитал“, стои во објавата на ЛинкдИн на компанијата

Агендата на настанот е достапна тука:
https://lnkd.in/d_hzYvUE

Регистрирајте се сега:
https://lnkd.in/dUt4kmVT