Apple повторно ја тужи британската влада поради барање за пристап до енкриптирани податоци

Американската технолошка компанија Apple денес поднесе тужба пред Судот за истражни овластувања на Велика Британија против владата во Лондон поради барање за обезбедување пристап до енкриптираните податоци на нејзините корисници на услугата iCloud.

Спорниот закон според кој е издадено барањето ги обврзува технолошките компании да им обезбедат на безбедносните служби пристап до податоците на корисниците во случаи на борба против тероризмот и детската порнографија, дури и кога тие податоци се заштитени со најнапредните системи за енкрипција, објави Guardian.

Apple постојано нагласува дека создавањето таков пристап би ја ослабнало целокупната безбедност на системот и би ги изложило корисниците на ризик од хакерски напади.